Свет
6. May 2017 - 9:43

Марк Грин се повлече од листата кандидати за секретар на американската армија

Марк Грин, кого американскиот претседател го номинираше за секретар на армијата, го повлече своето име од листата на предложени кандидати за оваа позиција, соопшти претставник на Белата куќа.

Трамп досега номинира три лица за оваа позиција, а Грин се повлече пиради неговите коментари од минатото за малцинствата и ЛГБТ заедницата.

Во соопштението, Грин наведува дека „лажните и погрешни напади“ го навеле да се повлече.

„Трагично, мојот живот посветен на јавната служба и моите христијански верувања погрешно се сфатени и нападнати од неколку лица од другата страна на политичкиот табор“, изјави Грин.

Демократскиот лидер во Сенатот на САД, Чак Шумер, изјави дека одлуката на Грин да се откаже од листата е добра за сите Американци.