-->
-->
Марк Гасол за 100 милиони долари останува во Мемфис
-->
Шпанецот Марк Гасол реши да ја продолжи верноста со својот досегашен тим Мемфис и се согласи на нов пет годишен договор во висина од 100 милиони долари.
На крајот од сезоната тој го доби статусот слободен агент, но и покрај понудите на други екипи реши да остане во Мемфис.
Според договорот тој по завршувањето на четвртата година од договорот може да го напушти клубот. Марк Гасол (30 години) сите седум сезони во НБА лигата ги мина во редовите на Мемфис.
Со своите добри игри се истакна како еден од најдобрите центри во лигата изминатава сезона, а на 81 натпревар имаше со просек од 17.4 поени; 7.8 скокови и 3.8 асистенции по натпревар.
Според најавите тој ова лето нема да биде дел од шпанската репрезентација на претстојното Европско првенство, пред се бидејќи најави одмор по напорната сезона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Девет санкции за возила што вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација
-
Кабинет на Макрон: Употребата на придавката „Северномакедонци“ е ненамерна грешка
-
Приведен кумановец, физички ја нападнал сопругата во семејниот дом
-
Во последните 3 дена регистрирани 180 нови случаи на Ковид-19
-
Нови 29 поручници стапија на служба во Армијата
-
Арсовски: Дали тим од МНР денеска е на тајни преговори во Софија за прифаќање на предлогот и протоколот?
-
Подготвителна седница за блок тарифите за потрошувачката на струја на домаќинствата
-
130% поскапа струја за најголемите потрошувачи