Џет-Сет
31. December 2016 - 15:59

Марк Цукерберг: Бев атеист, но се предомислив

 Основачот на Фејсбук Марк Цукерберг призна дека го променил својот став околу религијата и оти повеќе не е атеист. 

Цукерберг го им го честиташе Божик според греогоријанскиот календар на пријателите на социјалната мрежа. 

Во меѓувреме се појави коментар на еден од неговите пријатели: „Зарем ти не си атеист?“.

Цукерберг, кој со години се изјаснуваше како атеист, овој пат одговори: „Не. Пораснав како евреин, а потоа минав низ период низ кој ги преиспитував работите. Сега верувам дека религијата е мошне важна“. 

Иако следеа бројни коментари на неговите пријатели и следбеници, тој повеќе не одговараше на прашањето за верата.