Марио почнал да сече парче месо и доживеал шок: Само што купеното месо во себе имало одвратна течност!
Марио Хроњак од Вуковар објавил на својот Фејсбук профил видео - снимка на која се гледа како од месото додека се сече излегува некаква течност. Парчето месо, по сечењето имало и непријатен мирис.
Месото е прописно спакувано а на пакувањето стои дека рокот на траењето е до јануари 2018. година.
- Мајками и татко ми купиле месо. Го сечат и ова излегува од него... има необичен мирис... искуство! - напишал Марио во коментарот под видеото.
Случајот е пријавен во Лидл од каде е купено месото, а тие се понудиле да го заменат.
- Ме праша продавачот дали сакаме некое друго парче. Мајка ми одговори дека веќе никогаш нема тоа да го купи. Вратете ги парите и чао. Родителите отидоа во месара и купија - објавил Марио.
Видеото поради досега необјавени причини е отстрането од Фејсбук, но од Лидл се огласиле по повод шокантната видео снимка која во целост ви ја пренесуваме:
"Почитувани купувачи,
Многу ни е жал и се извинуваме поради немилиот настан поврзан со купеното месо во нашата продавница во Вуковар.
Добивме објаснување од нашиот добавувач ППК месна индустрија карловац во кое стои:
Врз основа на крајниот рок на употреба, одделението за обезбедување на квалитет на компанијата ППК изврши контрола на технолошкиот процес на производство на наведениот производ. Спроведената контрола и увид во процесите на производството покажуваат дека сите параметри се во склад.
Меѓутоа, со преглед на видеото на рекламираниот производ на интернет воспоставено е дека станува збор за скриен апсцес. Апсцесот претставува локална гнојна инфекција односно воспаление, почесто наречена чир, која претставува локално собирање на гној во новостворената шуплина.
Нажалост, апсцес е скриена мана кој се наоѓа во внатрешноста на месото или мускулите па затоа тешко е да се забележи за време на задолженителниот ветеринарен преглед на линијата за колење, ако е сместен длабоко во месото и ако не се пробие со ножот, а истото е и кога се коле, сече и пакува."
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор