Џет-Сет
11. May 2016 - 11:38

Маринко Роквиќ: "Ма што ми е гајле што син ми се оженил"

Пејачот Никола Роквиќ кој го гледаме и во шоуто ТЛЗП, пред неколку дена се заколна на вечна љубов со манекенката Бојана Баровиќ, во манастир, а неговиот татко, легендарниот пејач не присуствуваше на свадбата.
 
Маринко не бил поканет ниту во црква на црковното венчавање. 
 
- Никола му е лут на татка си по се што направи тој на неговата мајка Славица. Откако се дозна дека ја изневерил и има друго дете, Никола многу му е лут, и тој веќе не живее во семејсниот дом, вели извор за српскиот Курир.
 
Маринко не бил запознаен со плановите на синот за венчавка. 
 
На прашањето зошто не бил на свадбата Маринко вели: - Ма што ме прашувате за тоа, што ми е мене гајле?