Живот
11. January 2016 - 22:41

Маринец донираше црн дроб на девојка, а потоа животот ги спои

Хедер Кругер и Крис Демпси имаат многу заеднички нешта, па дури и црниот дроб на Крис.

Се почна во јануари 2015 година кога Крис го слушнал својот колега на работа како зборува за еден член на неговото семејство дека бара донатор на црн дроб.

Тој член на семејството била Хедер на која и дијагностицирале болест на црниот дрог и итно и била потребна трансплантација.

Без двоумење и без запознавање, Крис се одлучил да и помогне на Хедер, веднаш се тестирал и дознал дека одговара како донатор.

-Се ставив во нејзина кожа и веднаш помислив како би се чувствувал да го имам тој проблем. Не се двоумев ни момент, знаев што морав да направам, раскажува Крис за „Хафингтон пост“.

Трансплантацијата била закажана за март 2015 година. Тоа била долга и интензивна постапка, осум часа траела операциајта на Крис, додека на Хедер 12, а на крајот 55 отсто од црниот дроб на Крис е отстранета и дадена на девојката.

Двојакта се запознала и се зближила во исчекување на операцијата, а нивниот однос се продлабочил по операциајта.

-Почнавме да поминуваме се повеќе време заедно и да уживаме во секој миг. По операцијата и официјално станавме двојка, раскажува Крис кој ни еден момент не зажалил што и дал дел од црниот дроб на Хедер, која наскора ќе стане госпоѓа Демпси.