Ракомет
7. August 2017 - 9:50

Марија Тасевска во најдобриот трим на шампионатот во Скопје

 Репрезентативката на Македонија Марија Тасевска е најдобро лево крило на Европскиот шампионат за ракометарки до 17 години што се одржа во Скопје.
 
Иако нашата селекција не успеја да освои медал, односно заврши на 4.место, сепак Тасевска признанието го заслужи, благодарение на оличните игри во кои постигна вкупно 21 гол, а на двапати беше прогласувана за играч на натпреварот.
 
Покрај нашата селекција во „Ол стар тимот“ се и: Израелката Мор Шаул, Каја Колар од Словенија, Дафни Гаучи од Швајцарија, и трите полски ракометарки, Барбара Зима, Кинга Станиславчик и Емилија Ковалик.
 
За најкориска ракометрака, односно МВП на првенството беше прогласена Словенката Ема Хрватин, додека прв стрелец на турнирот беше Маја Реџепи од Косово.