МАРИЈА И МУСТАФА

Loading Video...

Во местото каде се прелеваат боите на виножитото во пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината, токму таму во магичната Кападокија зад спуштените завеси на големите конаци и мистичните градби на природата, се раѓа љубов која ќе мора да ги надмине сите граници на невозможното и да се избори со сета злоба и застрашувачки адети.

Мустафа е млад дечко, еден од наследниците на големото и моќно семејство Џендемир, принуден во име на обичаите да се ожени против своја волја.

А таа, Марија е девојка од другата страна на океанот чиј пат ја води во местото каде се раѓа големата љубов со Мустафа. Сега таа има два избори - да замине во родната земја на другиот крај на светот или да остане тука, во камените тврдини на Кападокија каде ќе мора да се бори против традицијата и чудните адети.