Македонија
23. March 2018 - 15:19

Марихуана пронајдена при претрес на две куќи во Демиркаписко

Марихуана е пронајдена при претрес на две куќи во Демиркаписко. Едниот претрес е извршен во куќа во Демир Капија, а другиот во демиркапиското село Чифлик. 

- Вчера во 11 часот при претрес во домот на 29-годишен демиркапиец пронајдени се и одземени кутија со зелена растителна материја, најверојатно марихуана, како и метална дробилка за марихуана, изјави  портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Час и половина подоцна, во селото Чифлик е извршен претрес во куќа на 38-годишно лице од Демир Капија при што пронајдени и одземени се кеса со зелена растителна материја, најверојатно марихуана, како и две помали кеси со бела прашкаста материја, најверојатно хероин.