Македонија
21. November 2023 - 12:24

Маричиќ се уште се надева дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го промени ставот за уставните измени

Вице премиерот Маричиќ очекува охрабрувачки пораки од декемврискиот самит на Европската унија.

Иако не очекува во скоро време да се изгласаат уставните измени, сепак вели дека владејачката коалиција нема да се откаже од намерата да ги убеди пратениците од ВМРО ДПМНЕ да не ја блокираат државата и да покажат дека навистина се за европска иднина на државата.