Македонија
17. January 2022 - 15:25

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во некоја држава во регионот

Новиот вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ изјави дека не е наше да кажуваме каде и какво малцинство има во некоја држава.

„Најпрво мислам и досега имавме пракса на немешање во внатрешните прашања на која било нашата соседна држава, а тоа е обврска од Уставот. Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во некоја држава во регионот. Тоа е внатрешно прашање на сите држави, вклучувајќи ја и Бугарија. Секоја група луѓе или етничка заедница или политичка партија или здружение има право да си ги бара своите правата преку Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права и преку Европската конвенција за заштита на човековите права. Во таа смисла изјаснувањето и дефинирањето на тоа каква етничка заедница егзистира во која било држава во регионот во овој момент не би било продуктивно. Ние се водиме од европските принципи и практики и така ќе остане. Тоа е наша уставна обврска“, рече Маричиќ.