Маричиќ: Ќе воспоставиме ред во затворите и ќе ги подобриме условите
Министерот за правда Бојан Маричиќ оствари средба со висока делегација предводена од претседателот на Европскиот комитет за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување, Микола Гнатовски, со кој разговараше за состојбата со затворите и воспитно-поправните домови во земјава, соопшти Министерството за правда.
Министерот Маричиќ на претседателот на Европскиот комитет за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување, му кажал дека и покрај тоа што на функцијата министер е само три месеци, има точен увид за што се случува во затворите, но и за условите во кои престојуваат некои од осудените лица и дека од неговото назначување за министер, ставањето ред во овие установи и подобрувањето на условите за престој на осудените и притворени лица е врвен приоритет.
-На високиот гостин му беа презентирани работите кои беа направени или започнати изминатиот период пред сè завршувањето на новиот Воспитно-поправен дом во Волковија, тетовско, каде малолетниците се сместени во објекти направени по највисоките европски стандарди, велат од Министерството за правда.
Дополнително Маричиќ на Гнатовски му го презентирал амбициозниот план за реконструкција на неколку затвори во Македонија, вклучувајќи го Идризово и Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари. Токму за овие два најчесто пристигнуваат забелешките за условите во нив, но и за непочитување на правилата, а токму затоа наредниот период паралелно со подобрувањето на условите ќе се работи и за ставање ред во сите затвори низ државата.
Ново на Сител
-
Бугарското Министерство за здравство со остра реакција против АстраЗенека
-
Новороденче со Ковид-19 во Грција приклучено на апарати, атинските болници повторно полни
-
Ѓукановиќ отповика неколку амбасадори
-
Владата донесе Одлука за финансиска поддршка на радиодифузерите
-
Српски медиуми: Заев и се заблагодари на Србија за новата пратка на вакцини
-
Кржаловски: Ако Сашо Мијалков не се вратеше ќе имавме предвремени избори
-
Османи од Софија: Со Захариева зарзговаравме за секторска соработка и одржување на состанокот на меѓувладината комисија
-
Словенечки лекар се заразил после примени две дози од вакцината против коронавирус