Маричиќ: Имаме политичка оправданост да ставиме европско знаменце на законите поврзани со коридорите
Од политички аспект имаме основа да ставиме европско знаменце на петте закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д за да успееме да ги изградиме овие автопати и да ја комплетираме трансевропската мрежа на коридори во Северна Македонија, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Маричиќ укажа дека се во редовна комуникација со Европската Унија и им објасниле зошто го прават тоа.
-Тоа што мислам дека треба отворено да си го кажеме, оваа одлука е донесена за да се заобиколи нелегитимната блокада од страна на Левица, проруска партија, анти-НАТО партија, анти-ЕУ партија која ќе направи сѐ да ги спречи коридорите и впишани во европските трансевропски мрежи и за еден ваков проект реализиран од американска компанија. Сметаме дека тоа е нелегитимна блокада која ние на легитимен начин со инструмент кој ни е на располагање сакаме да ја заобиколиме и за тоа имаме основа и политичка оправданост, истакна Маричиќ.
Тој додаде дека знаат оти овие закони не се усогласени со некое европско аки, но посочи дека Коридорот 8 треба да биде впишан во трансевропската мрежа на коридори на 16 мај.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран