Македонија
17. September 2021 - 20:12

Маричиќ: Има попишувачи од Левица, партијата учествува во системот

Министерот за правда Бојан Маричиќ во Тема на денот на Сител Телевизија истакна дека немаат информации за масовен бојкот на пописот, и дека има попишувачи од Левица.

-Тоа е утврдено на отворениот повик на кој секој можеше да се пријави. Заводот за статистика не правеше контрола кој од која партија е, и тоа е уште еден доказ дека пописот не е партизиран и дека сите партии успеале да се вклучат, кажа Маричиќ.

Тој додаде дека добро е што партијата учествува во системот и дека ја прифатиле реалноста дека ова е техничка операција.