Македонија
4. July 2022 - 21:13

Маричиќ: „Добредојдовте во Европската Унија“, беше поздравот на нашите пријатели од Ирска и Финска

„Добредојдовте во Европската Унија“, беше поздравот на нашите пријатели од Ирска и Финска, објави заменик-претседателот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

- Ми претставува особена чест и задоволство што денеска во посета на нашата земја се моите колеги од Ирска и Финска, министрите за европски прашања Бирн и Тупураинен.

На денешната средба имавме можност да разговараме на теми поврзани со новата геополитичка ситуација и влијанието на истите врз нашите држави, како и за нашата заедничка евро-атлантска перспектива.

Од исклучително значење е вашата посета во време кога сме пред државничка одлука за иднината на земјата, на регионот и на Европа, и ја сметам како потврда на вашата поддршка за нашата европска перспектива и воопшто за интеграција на Западниот Балкан во Унијата.

После 18-годишниот маратон за почеток на преговори со Европската Унија, сега нашата земја има историска можност за отпочнување на преговорите, без дополнителни одлагања, со заштитен македонски јазик и македонскиот идентитет.

Гостите ја потврдија важноста од членството во Унијата и упатија уверување дека тоа само ќе го зајакни нашиот идентитет. - пишува Маричиќ на Фејсбук.