Тенис
29. December 2018 - 8:14

Мареј не е подготвен за почетокот на сезоната

Поранешниот број 1 во светот, Енди Мареј (Велика Британија) се уште чувствува болки во бутот, но се надева дека тие ќе поминат и тој ќе може да одигра повеќе натпревари пред Отвореното првенство на Австралија.

Мареј се врати на теренот во јуни, откако на почетокот на 2018 година претрпе операција на бутот, а во септември заработи повреда на глуждот.

– Се уште имам болки во бутот, но јас имам потреба од натпревари, за да видам како ќе се чувствувам. Кога ќе одиграм три, четири или пет дуели по ред ќе видиме каква е мојата состојба. Минатата година, кога дојдов тука, беше тешко, многу се борев. Дефинитивно се чувствувам малку подобро од минатата година. Секогаш сум сакал да играм тука, изјави Мареј пред почетокот на турнирот во Бризбејн.

Австралија Опен 2018 ќе се одржи од 14 до 27 јануари во Мелбурн.