Македонија
7. May 2016 - 16:12

Мареј ќе ја брани титулата во Мадрид

 
 Британскиот тенисер Енди Мареј ќе има моѓност да ја брани титулата освоена минатата година на АТМ Мастерс турнирот во Мадрид.
 
 
Мареј во полуфиналето го совлада миленикот на домашната публика Рафаел надал во два сета (2-0). Во реприза на минотогодишното финале Британецот го доби првиот сет со 7:5, а вториот со 6:4. 
 
Кој ќе биде противникот на Мареј во утрешното финале, ќе се знае по вториот полуфинален меч во кој ќе играат светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ и Јапонецот Кеи Нишикори.