-->
-->
Мареј ќе биде „бабица“!
-->
Вториот светски рекет Енди Мари е подготвен да го откаже учеството на Австралија Опен за да биде со бремената сопруга која во тој период би требало да се породи.
Првиот грен слем во сезоната на програмата е од 18. до 31.јануари, а нешто подоцна е терминот кога семејството Мари го очекува раѓањето на своето прво дете. Доколку Ким Мари се породи порано, тогаш Енди е подготвен да го откаже настапот во Мелбурн.
„Секако дека би се повлекол од турнирот доколку тоа се случи, сакам да бидам присутен“, рекол Мари.
Токму поради тоа тој решил да се подготвува за Австралија Опен во Дубаи, а не во Мајами што го практикуваше изминатите години.
„Оттука е многу полесно да се стигне дома“, појаснил 28-годишниот Шкотланѓанец.
Енди Мари, во кариерата нема титула на Австралија Опен, иако четири пати играл во финалето, во 2010 загубил од Федерер, а во 2011, 2013, 2015 од Ѓоковиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење