Тенис
29. December 2017 - 17:39

Мареј го замени Ѓоковиќ на турнирот Мубадала

Откако Новак Ѓоковиќ го откажа во последен момент учеството на егзибицискиот турнир Мубадала, организаторот експресно најде замена во Енди Мареј кој исто така се врати на терените по подолга пауза по повредата на кукот. Британецот за жал беше далеку од потребната форма па не можеше да му се спротистави на Роберто Баутиста Агут и во меч кој траеше само еден сет Шпанецот триумфираше со 6-2.