Македонија
22. September 2018 - 16:19

Маратонско рочиште од 14 часа за случајот 27 април

Вака адвокатот Еленко Миланов се пошегува со новинарите по речиси 14 часа минати во судница. И по вчерашното маратонско рочиште за собраниските настани, адвокатите жестоко реагираат дека ниту тие, ниту обвинетите и обвинителството не можат со внимание да го следат судскиот процес и да подготват ефикасна одбрана.

Адвокатот Миланов вчера заработи и казна од 1000 евра бидејќи во исто време со судењето за собраниеските настани беше закажано рочиште и за предметот Топлик на СЈО на кое не можеше да присуствува. Со истиот проблем се соочуваат и обвинетите во предметите на Специјаното обвинителство, запознаен е и првиот човек на Кривичниот суд, но реакција нема.  

За динамиката и времетраењето на судските расправи за собраниските настани пред неколку дена писмено реагираше и Коалицијата сите за правично судење.

Во нивната реакција се вели дека на ваков начин се постапува на штета на обвинетите во постапката со тоа што се врши повреда на нивното право на адекватно време и простории за подготовка на одбраната.

Од Колаицијата потсетуваат и на членот 6 од Европската конвенција за човекови права, според кој судењето во разумен рок не подразбира голем интензитет и брзина на постапката, туку разумно време за да се овозможи адекватна подготовка на сите учесници во постапката.