Мараја Кери и бизнисменот од Австралија Џејмс Пакер ја објавија свршувачката
Познатата пејачка Мараја Кери и бизнисменот Џејмс Пакер во јуни минатата година објавија,дека се заедно откако двајцата се видени на одмор во Италија, а сега тие објавија свршувачка.
Пакер е познат австралиски бизнисмен, инвеститор и филантроп, а според Форбесовата листа е четврт најбогат Австралиец. Неговото богатство се проценува на 3,1 милијарда американски долари, јави Би-Би-Си.
Богатството Пакер го има наследено од неговиот татко Кери Пакер, сопственик на медиумска империја во Австралија, а Џејмс работата ја прошири и на казина. Пред врската со Кери, Пакер беше во брак со пејачката и моделот Ерика Бакстер од која се разведе во 2013 година.
Мараја Кери, која има 45 години, својот прв албум го објави во 1990 година и е една од најпопуларните пејчаки на сите времиња.
Ново на Сител
-
11 починати и 305 нови случаи на КОВИД-19 во земјава
-
Комеморација за Бандиќ во вторник, погребот в среда
-
Во Јордан сменети двајца министри поради вечера во ресторан со повеќе лица
-
Бабиш: Чешка може да започне со употреба на руската вакцина и без одобрение на ЕМА
-
Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер регистриран на грчкиот остров Закинтос
-
Затворен угостителски објект во гостиварско бидејќи работел по дозволеното време
-
Орбан се вакцинираше со кинеската вакцина
-
Сунак: Ковид пасошот е добар начин за закрепнување на британската економија