Мараја Кери и бизнисменот од Австралија Џејмс Пакер ја објавија свршувачката
Познатата пејачка Мараја Кери и бизнисменот Џејмс Пакер во јуни минатата година објавија,дека се заедно откако двајцата се видени на одмор во Италија, а сега тие објавија свршувачка.
Пакер е познат австралиски бизнисмен, инвеститор и филантроп, а според Форбесовата листа е четврт најбогат Австралиец. Неговото богатство се проценува на 3,1 милијарда американски долари, јави Би-Би-Си.
Богатството Пакер го има наследено од неговиот татко Кери Пакер, сопственик на медиумска империја во Австралија, а Џејмс работата ја прошири и на казина. Пред врската со Кери, Пакер беше во брак со пејачката и моделот Ерика Бакстер од која се разведе во 2013 година.
Мараја Кери, која има 45 години, својот прв албум го објави во 1990 година и е една од најпопуларните пејчаки на сите времиња.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите