Живот
25. November 2016 - 9:58

Марадона допатува во Загреб во друштво на русокоса убавица

Некогашната фудбалска ѕвезда од Аргентина, Диего Армандо Марадона пристигна во Загреб, каде ќе присуствува на финалето во Дејвис купот, во придружба на неговата 30 години помлада партнерка Росиo Оливa.

Дваесет и шестгодишната русокоса е поранешна фудбалерка. Со Марадона се заедно од 2013 година, а во 2014 се верија.

Гласините говорат и дека тој често користи „вијагра“, за да ги задоволи потребите на својата избраничка.

Нивната врска имаше многу турбуленции, караници и помирувања, а пред две години во јавноста протече и видео снимка на која фудбалската легенда ја напаѓа неговата девојка, оти таа му го земала мобилниот телефон.