Живот
19. November 2017 - 21:14

Мануши Чилар од Индија е Мис на светот 2017

Индиската убавица Мануши Чилар денеска е избрана за Мис на светот за 2017 година.

Во финалето на изборот за Мис на светот, кој беше одржан во Кина, круната ја понесе 20-годишната студентка по медицина од индиската држава Харајана.

За прва придружничка е избрана Андреа Меса од Мексико, додека втора придружничка е Британката Стафани Хил.

Чилар е шеста Индијка која ја понесе титулата најубава девојка, и круната ќе ја врати во Индија после 17 години.