Македонија
18. јуни 2018 - 17:12

МАНУ и БАН потпишаа платформа за соработка-приодот да е сензитивен за да не се вратат сеништата од минатото

Првиот човек на Ману, Таки Фити и неговиот колега потпрестедателот на БАН Васил Николов  денеска во Скопје  ја потпишаа платформата за соработка мегу македонската и бугарска академија на науки. Формирана е  и мегуакадемиска група која ќе се занимава со конкретизација и заживување на договорот  за пријателство потпишан мегу двете земји.

Престедателот на МАНУ верува дека  слична соработка е можна и  со грчката академија, иако досега тие не пројавуваа инетерес за такво нешто.

Потпрестедателот на бугарската академија Васил Николов признава дека мегу двете земји има сензитивни прашања,  но смета дека  тие треба да се надминат во интерес на иднината и младите генерации.

Македонските академици  предупредуваат дека  двете заеднички комисии, експертската и државната, мораат одговорно и научно да им приогаат за сензитивните и отворени прашања за да не се повампират духовите од минатото

Догворот мегу Македонија и Бугарија  не смее да се сведе на ревизија на учебниците, порачуваат членовите на МАНУ.

Мегуакадемиска група  ја сочинуваат по 5 членови од едната и друга академија, а ќе ги раководат двајацата престедатели на академиите.