Македонија
14. February 2020 - 16:40

Манијакот кој напаствува жени во Кисела Вода подолго време е идентификуван и уапсен

Манијакот кој вознемирувал жителки на Кисела Вода е приведен во полиција. По пријава на една од станарките на зградата каде се соблекувало ова момче и по сторијата на Сител, полицијата го пронашла лицето. Се работи за момче од Скопје на дваесетина години. Станарите приложиле и снимки од безбедносната камера во влезот.

Од видео снимките јасно се гледа ликот на момчето кое ги вознемирувал станарките  најчесто во вечерните часови. Манијакот прв пат се појавил во зградата во септември. Станарите не сакаат да говорат пред камера за случајот бидејќи се срамат од настанот.

Тој секогаш го одбирал вториот кат во лифтот без разлика каде оделе станарките. Иако бил предупреден дека е пријавен и има видео надзор тој продолжувал.

На влезната врата поставени се фотографии и предупредување. Куќниот совет на овој начин сакал да ги заштити станарите но и да ја алармира полицијата на брзо делување. На скопјанецот му се заканува парична или казна затвор од една година.