Свет
3. July 2018 - 20:50

Манијак упадна на детски роденден и го претвори во пекол: Ја уби славеничката (3) и уште шест деца крвнички избоде

Роденденската забава во Бојси заврши трагично, кога манијак упадна на прославата и избоде шест деца и тројца возрасни кои се обиделе да ги одбранат.

Девојчето кое го славело својот трет роденден почина во болница од здобиените повреди. Останатите деца кои Кинер ги избоде со нож се на возраст од 3 до 12 години. Тими Кинер (30) од Лос Анџелес е уапсен по нападат во една зграда во Ајдахо, во која во поголем дел живеат бегалци.

Полицијата соопшти дека мотивот за бруталниот напад е одмазда зошто Кинер поради непристојно и неприфатливо однесвуање го замолиле да ја напушти зградата во која привремено живее. Сите жртви се членови на бегалски семејства од Етиопија, Ирак и Сирија. Шефот на полицијата во Бојси Вилијам Бонс го опиша нападот како чин на „чисто зло“.

-Жртвите побегнале од насилство во Сирија, Ирак и Етиопија, а потоа бездушно се нападнати кога на тоа најмалку се надевале. Беше тоа напад на оние најранливите и најневините, нашите деца, рече Бонс.

Кинер е обвинет за убиство и тежок напад, а по апсењето изјавил дека „не ги разбира“ обвинувањата. Тој инаку од порано и е познат на полицијата и имал дебело криминално досие.

Градоначалникот на местото Бојси, Дејв Батер изјави дека срцето му е скршено поради смртта на девојчето и повредените деца: „Несфатливо е прослава како што е детски роденден дека може да се претвори во најмрачно страдање на толку брутален начин“.