Балкан
13. December 2016 - 8:52

Манијак напаѓа жени со солна киселина во Србија, неколку се во болница

Вистински хорор деновиве го стресе Белград каде манијак шета по улиците и напаѓа жени, полевајќи ги со киселина.

Како што информираат српските медиуми, неколку жени до сега се повредени во нападите, а полицијата трага по напаѓачот. Тој шетал по улиците во раните утрински часови, и носел киселина со која им приоѓа на жртвите од зад грб и ги прска со неа. Некои успеале да побегнат и да се одбранат, некои поминале со изгорена облека, додека некои за жал немале среќа и завршиле во болница.

Последниот напад, како што информира српскиот Курир, се случил во неделата наутро, кога една девојка го чекала момчето пред влез. Напаѓачот и пришол од зад грб, ја покрил нејзината уста со марамче и и ја ставил киселината на главата и телото.

Манијакот сеуште слободен шета по улиците.