Македонија
13. October 2018 - 8:31

Манифестација „Заедно градиме мостови“

 Над 700 ученици од 27 училишта од целата држава денеска ќе бидат дел од манифестацијата „Заедно градиме мостови“, поддржана од Мисијата на ОБСЕ. 

Учениците кои ги добија грантовите од Фондот „Градиме мостови“ во Градскиот парк во Скопје ќе пејат, танцуваат, спортуваат и ќе имаат драмски изведби.

На манифестацијата ќе се обратат министерот за образование и наука Арбер Адеми и шефот на ОБСЕ Мисијата во Скопје амбасадорот Клеменс Која