Македонија
13. November 2017 - 9:18

Манифестација „Го градам мојот град“ во Детскиот културен центар „Карпош“

Детскиот културен центар „Карпош“ денеска ја организира манифестацијата „Го градам мојот град“, посветена на предучилишните установи, а во чест на град Скопје.

Манифестацијата има за цел да ги истакне детските творечки способности, детската креативност, а воедно и поопширно да ги запознае децата со одбележувањето на 13 Ноември и неговото значење за градот во кој живеат.

Секоја градинка како и секоја година ќе ја претставува екипа од пет деца, а објектот кој ќе се гради е по нивен избор, како и градежниот материјал што ќе го користат (коцки, цртежи, природни материјали како лисја, дрвца и друго). За градинките учесници на оваа манифестација предвидени се симболични подароци во знак на благодарност и соработка.