Македонија
8. November 2019 - 14:29

Манифестација „Го градам мојот град 2019“

Во чест на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Град Скопје,  Детскиот културен центар „Карпош“ и оваа година традиционално ја организира манифестацијата „Го градам мојот град 2019“.

Манифестацијата ќе се одржи в среда, во просториите на Детскиот културен центар „Карпош“ од 10 до 11 часот. Манифестација е посветена на децата од предучилишните установи и има за цел да ги истакне детските творечки способности, детската креативност и поопширно да ги запознае децата колку големо значење има празникот 13 Ноември за Град Скопје.

Секоја градинка, како и секоја година, ќе ја претставува екипа од пет деца, а објектот кој ќе се гради е по избор, како и градежниот материјал што ќе се користи. Може да се користи коцки, цртежи, природни материјали – лисја, дрвца и друго.

За градинките учесници на оваа манифестација предвидени се симболични подароци во знак на благодарност и соработка.