Македонија
11. November 2016 - 9:01

Манифестација „Го градам мојот град“- 2016

Во Детскиот културен центар „Карпош“ денеска ќе се одржи манифестацијата  „Го градам мојот град- 2016“, посветена на предучилишните установи, а во чест на градот Скопје.

- Манифестација има за цел да ги истакне детските творечки способности, детската креативност, поопширно да ги запознае децата со денот 13-ти Ноември и неговото значење за градот во кој живеат, информираат од ДКЦ „Карпош“.

Градинките, како и секоја година ќе ја претставува екипа од пет деца, а објектот кој ќе се гради е по нивен избор, како и градежниот материјал што ќе го користат.

За градинките учесници предвидени се симболични подароци во знак на благодарност и соработка.