Македонија
12. October 2018 - 8:36

Манифестација „Денови на маргинализирани уметности“

Сатирата, афоризмите и портрет карикатурите ќе доминараат денеска во Штип во рамки на манифестацијата „Денови на маргинализирани уметности“.

Оваа манифестација е дел од проектот на Министерството за култура, „Нов културен бран“ во организација на Здружението на граѓани „Медиа плус“ од Штип.

Под мотото „Моливот не е оружје, туку начин на размислување“, ќе се претстават делата на сатиричарот Јане Атанасов од Кочани, афористичарот Ацо Ѓоргиев од Струмица и на карикатуристот Методи Андонов од Штип.

Пред присутните, уметниците ќе зборуват за нивната уметност, но и за тоа дали навистина современото време на социјални медиуми ги стави овие уметности на маргините.

Настанот во Струмица ќе се одржи на 17 октомври во Домот на култура „Антон Панов“.