Манифестација „Богданско културно лето“
Општина Богданци е покровител на традиционалната манифестација ,,Богданско културно лето 2015“ која што почна денеска со промоција на вториот том од зборникот на политички затвореници од авторот Никола Андонов.
-Документи, фотографии и копии од пресуди се дел од содржината на вториот том од зборникот кој претставува сведоштво за тоа што претрпеле граѓаните и нивните семејства. Зборникот ги обработува пресудите на политички прогонуваните, затворани и осудувани лица за самобитноста на македонскиот народ и неговата државнот, кои од 1945 година наваму важеле за противници на комунистичкиот режим ,изјави авторот Андонов.
Првиот зборник, рече Андонов, е издаден во 2007 година, но на барање и предлози на голем број политички затвореници и нивни наследници, по долгогодишно собирање материјали, е создаден и вториот том од зборникот.
Со многу културни содржини од различни жанрови, манифестацијата „Богданско културно лето 2015“ ќе трае до крајот на август.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот