Џет-Сет
20. September 2016 - 12:59

Манекенка стана интернет хит поради неверојатните рефлекси

Манекенките секогаш се трудат да го совладаат „идеалното одење по писта“, кое во шоуто „Следен топ модел на Америај“ се третира како древна вештина која се учи со години, па реално тие немаат многу простор за искажување на какви било вештии на пистата, освен одењето.

Но, од време - на време, ќе се појави манекенка која добива можност да го импресионира светот.

Една од нив е една младата дама која во текот на целосната концентрација на тоа да не се сопне одејќи на високите потпетици, да изгледа убаво пред камерите и да лебди грациозно по пистата, успеа во секунда да реагира и да ја фати обетката која и се лизна од убото.

Како тоа изгледаше погледнете на снимката.

Нејзиното име е Алисар Ајлабуни, а дизајнер чија обетка речиси ја доведе до катастрофа, е Кристијан Сирано. Ведаш штом почуствувала дека обетката и паѓа од увото, Алисар елегантно ја подметна раката за да ја фати и го спаси шоуто.

Најчести коментари на видеотот се: „Не можам да верувам, секоја чест“ и „О мој боже, ова е неверојатно“.