Фудбал
17. April 2021 - 12:33

Манџукиќ се откажа од мартовската плата, Милан ќе ја донира

Поранешниот напаѓач на хрватската фудбалска репрезентација Марио Манџукиќ одлучи да се откаже од платата за минатиот месец во кој не одигра ниту еден натпревар за италијанскиот прволигаш Милан поради повреда, а неговиот клуб најави дека парите ќе ги донира во хуманитарни цели.

Манџукиќ дојде во Милан во јануари, а по повредата на крајот од февруари беше надвор од теренот два месеци.
 
– Овој потег на Манџукиќ е само доказ за негова етиката и професионализам – изјави претседателот на Милан, Паоло Скарони.

Според италијанскиот печат, месечната плата на Манџукиќ изнесува 300.000 евра, а Милан парите ќе ги донира на фондација која поттикнува проекти за помош на ранливи категории млади луѓе во социо-економска и образовна смисла.