Фудбал
6. November 2017 - 22:58

Манџукиќ ќе ја „скокне“ Грција ?

Најдобриот хрватски напаѓач и репрезентативец Марио Манџукиќ е неизвесен за бараж дуелот за пласман на Светското првенство во Русија. Манџукиќ откако се појави денеска во базата на хрватската репрезентација морало да му бидат изврѓени дополнителни лекарски прегледи со магнетна резонанца.
На последниот натпревар од Серија А во дресот на Јувентус против Беневенто Манџукиќ почуствувал болки во мускулот.
Во договор со лекарскиот тим на хрватската ртепрезентација играчот ќе тренира по посебен третман и селекторот на Хрватска Златко Далиќ.
Првиот бараж дуел Хрватска и Грција го играат во четврток на 9.ноември во Загреб, а реваншот е на 12.ноември во Грција.