-->
-->
Манчини: Сакаме од Скопје да се вратиме со победа
-->
Вдардар утревечер против рускиот Зенит ќе го игра првиот меч во групната фаза во Лига Европа.
Попладнево својот единствен тренинг на Арената „Филип Втори“ го одржа и руската екипа.
На прес конференцијата тренерот на гостите Италијанецот, Роберто Манчини, не е загрижен за лошата напаѓачка форма во која се неговите избраници, иако дополнително работата ќе им ја отежни и цврстата вардарова одбрана.
„Сите играчи кои дојдоа во Скопје се подготвени да играат. Го анализиравме Вардар. Сигурно дека не чека тежок дво-меч. Вардарци имаат добра одбрана. Од друга страна, нашите последни два меча без голови не ме загрижуваат. И покрај тоа што не играме Лига на шампиони, амбициите се исти, да победуваме. Така ќе биде и на овој натпревар во Лига Европа. Сакаме да си одиме со три бода од Скопје“, изјави Манчини.
Натпреварот меѓу Вардар и Зенит се игра в четврток од 21.05 часот,
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море