Фудбал
15. September 2017 - 9:16

Манчини: Не очекував вака убедлива победа

Италијанскиот стратег на кормилото на Зенит, Роберто Манчини, не очекувал лесна и убедлива победа на гостувањето во скопје, каде руската екипа синоќа го победи Вардар со 5-0. 
 
- Одигравме многу добро особено во првото полувреме, офанзивно и дадовме многу голови. Не очекував ваков резултат, мислам дека тоа не е реален одраз на настаните. Вардар е добра екипа, ја гледав со Малме и Фенербахче. Заслугата е наша, но Вардар не е толку слаба екипа. Како и да е, задоволни сме од исходот затоа што во тимот имаме многу нови играчи кои допрва треба да се воигруваат. Дадовме пет гола, тоа е добар резултат, изјави по мечот Манчини.
 
Во наредното 2.коло закажано за 28 септември Зенит ќе го игра дерби дуелот во групата Л против шпанскиот Сосиедад кој синоќа славеше над Розенборг со 4-0.