Манчевски: Регистарот на население да не се поистоветува со попис
Електронскиот регистар на население што ќе биде функционален од крајот на годинава воопшто не треба да се поистоветува со попис, вели министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
Во регистарот, како што појаснува, ќе бидат само дваесетина најосновни информации: име, презиме, матичен број, пол, ....
- Попис е друго. Тоа е сосема друга статистичка организација, рече Манчевски, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на новоформираната Асоцијација за е-трговија на Македонија.
Според министерот Манчевски, електронскиот регистар на население ќе биде основната и со тек на време единствената база на податоци за граѓаните. - Од таму сите институции ќе ги влечат основните информации за граѓаните, но исто така, покрај нив, сакаме да дозволиме, како што има различни примери во светот, на пример и банките да можат да ги користат информациите од регистерот на населението и оние кои имаат друг тип на бизнис, нормално со одредено ниво на безбедност и на авторизација, што треба да го гарантираме и законски ќе го поддржиме, рече Манчевски.
Од крајот на оваа година регистерот ќе биде функционален и според најавата секој граѓанин ќе може да си го активира својот електронски идентитет со кој што ќе може многу полесно да врши плаќања
Ново на Сител
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа
-
Состојба на патиштата