Манчевски: Поголеми субвенции за тутунопроизводителите
Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски денеска ја посети општина Долнени и оствари средби со жителите. Најголем проблем во Долнени, изјави Манчевски, е ниската откупна цена на тутунот и нерегуларностите во распределбата на земјоделското земјиште и исплатата на субвенциите.
- Нашите заложби веднаш по смената на власта е дека граѓаните ќе добијат реални и навремени субвенции за својот произведен тутун. Дополнително, ветуваме дека ќе ги зголемиме и парите коишто се даваат за субвенции од 140 на 160 милиони евра. На луѓето коишто произведуваат тутун, токму како во Долнени им ветуваме дополнително евро субвенција за секој произведен килограм тутун од прва класа, изјави Манчевски.
Потребно е, според него, да се реновира регионалниот пат којшто ги поврзува Прилеп со Долнени, Кривогаштани и Крушево.
Луѓето, наведе Манчевски, се загрижени заради „одлуката на Уставниот Суд да се обиде да ги амнестира заради изборните нерегуларности“.
Ново на Сител
-
Повеќе од 2200 лица незаконски користеле социјална помош и пензија - Имале возила на нивно име
-
За возрасни има само 50 вакцини против Пертусис, ама сеуште чекаат во МАЛМЕД
-
Училиштата немале оправдана цел зошто донеле правилник како треба учебници да дојдат
-
Преглед на вестите од светот
-
Вработените во Пошта протестираат, немаат земено плата за февруари
-
Грковска: Се следат активностите на функционерите, секое мешање на функциите ќе се опоменува
-
Занаетчиството полека умира, младите подобра иднина бараат во странство
-
Преглед на вестите од светот