Манчевски: Поголеми субвенции за тутунопроизводителите
Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски денеска ја посети општина Долнени и оствари средби со жителите. Најголем проблем во Долнени, изјави Манчевски, е ниската откупна цена на тутунот и нерегуларностите во распределбата на земјоделското земјиште и исплатата на субвенциите.
- Нашите заложби веднаш по смената на власта е дека граѓаните ќе добијат реални и навремени субвенции за својот произведен тутун. Дополнително, ветуваме дека ќе ги зголемиме и парите коишто се даваат за субвенции од 140 на 160 милиони евра. На луѓето коишто произведуваат тутун, токму како во Долнени им ветуваме дополнително евро субвенција за секој произведен килограм тутун од прва класа, изјави Манчевски.
Потребно е, според него, да се реновира регионалниот пат којшто ги поврзува Прилеп со Долнени, Кривогаштани и Крушево.
Луѓето, наведе Манчевски, се загрижени заради „одлуката на Уставниот Суд да се обиде да ги амнестира заради изборните нерегуларности“.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот