Македонија
21. July 2020 - 14:51

Манчевски негативен на првиот тест за коронавирус

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска на својот профил на Фејсбук објави дека првиот тест за коронвирусот му е негативен, и дека доколку и вториот е негативен од понеделник почнува да оди на работа.

-Првиот тест негативен. Досега водам во негативни тестови со 4:0. Да се надеваме на 5:0.
Ако и вториот тест од оваа изолација биде негативен во недела, од понеделник назад во акција.
На моите пријатели и колеги кои се позитивни им пожелувам брзо опоравување. Имаа многу слаби симптоми, кои веќе ги немаат и се надевам дека брзо ќе се покажат негативни на тестот.

Чувајте се, бидете безбедни и почитувајте ги мерките за лична заштита, напиша Манчевски на Фејсбук.