Манчевски: Многу скоро данокот на добивка за ИКТ компаниите ќе се намали на три проценти
Многу скоро ќе го намалиме данокот на добивка за ИКТ компании за одредени дејности на три проценти и се надеваме дека голем број домашни и странски компании ќе ги зголемат своите капацитети, ќе отворат нови работни места со многу подостоинствени плати, како што тоа го нудат ИТ компаниите, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
На денешната панел дискусија „ Дигитализација 2019 во Република Северна Македонија“ Манчевски истакна дека Владата ги поддржува домашните и странските компании во активностите за развој на бизнисот и ги мотивира да инвестираат уште повеќе во капацитети.
Соработката со приватниот сектор, како што рече Манчевски, е особено значајна за спроведување на дигитализацијата во институциите, што е столб на реформите во администрацијата.
Според Манчевски, основата за да се зголеми значително бројот на електронски услуги од институциите до граѓаните е регистарот на население чија инсталација треба да заврши за две недели и по периодот за тестирање да се пушти во употреба.
– Ниту една институција нема да смее да ви бара документ на хартија согласно новиот закон доколку го имате електронски, а досега не беше така, рече Манчевски.
На конференцијата беше соопштено дека дигитализацијата на процесите во Европа достигнува 11 проценти, а во Америка е 17 проценти. Во државава се уште нема такви статистики, но, според Анита Никова, извршен директор на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, на ова поле има уште многу работа.
– ИКТ компаниите се тие кои можат на останатите компании од бизис заедницата да им помогнат за тоа колкави трошоци може да имаат доколку решат да имплементираат одредено решение и да го изберат типот на решението, рече Никова, посочувајќи дека со тоа ќе се постигне поголема продуктивност, ефикасност и поголеми извозни капацитети.
Според Морено Родман, генерален менаџер на Даталаб технологија, најмалку 40 проценти од бизнисите ќе изумрат во следните 10 години доколку не размислат како да ја приспособат целата компанија за да ги задоволат новите технологии.
На конференцијата, организирана од компанијата „Даталаб“ и МАСИТ, се дебатира за дигиталната трансформација во државава, факторите за покревање на свесноста за дигитализацијата во различни индустрии, начините како ИКТ компаниите можат да помогнат во процесот на дигитализација, улогата на државата за стимулирање на економијата во областа на дигитализацијата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација