Манчевски: Ќе се избираат заменици-директори само во претпријатијата формирани од Владата
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска изјави дека со измените на Законот за јавни претпријатија се планира да се назначат заменици-директори само во оние јавни претпријатија кои се формирани од Владата.
– Се создаде погрешна фама. Во законот е предложено да се назначат заменици-директори само во јавните претпријатија кои се формирани од Владата, а тоа се 12 и се знае кои се. Сметам дека е искрена намерата да се подобри работата на одредни јавни претпријатија, особено знаејќи дека тие не функционираат добро. Голем дел од овие јавни претпријатија навистина имаат сериозни пробеми во своето работење и треба максимално да ангажираме кадар за да се подобри функционирањето. МИОА е во фаза на изготвување на хоризонтална функционална анализа и изготвување на нов закон за висока рабоводна служба со кои сите овие различности во институциите ќе се унифицираат и ќе се заведе ред. Таа анализа ќе покаже дали ова е добар предлог или не, изјави Манчевски, одговарајќи на новинарско прашање во Собранието на Република Македонија.
Една од целите на законот, како што посочи Манчевски, е да и избере заменик-директор, а да се избришат помошниците директори.
Во меѓувреме, Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) денеска побара итно повлекување на поднесената измена на Законот за јавни претпријатија.
Ново на Сител
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето
-
Во Македонија има над 140.000 кучиња миленици
-
Патот Кичево – Охрид клучен за развој на охридскиот бизнис
-
Штип во борба со корупцијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ