Македонија
25. јуни 2018 - 18:06

Манчевски: Дигиталната трансформација е патување, а не нешто што се прави еднаш за секогаш

Иднинаната е дигитална и Западен Балкан треба да чекори заедно со Европската унија кон дигитализација, порачаа денеска учесниците на Дигиталното собрание во Софија каде Европската комисија официјално го означи почетокот на Дигиталната агенда за Западен Балкан која има цел да го пренесе регионот кон дигитална економија.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски изрази задоволство што дигиталната агенда високо на целосната политичка агенда на Европската унија кон регионот на Западен Балкан. 

- Дигиталната трансформација е патување, а не нешто што се прави еднаш за секогаш. Сите треба да работиме на ова поле и како што велите, дигитално обединети можеме да станеме многу посилни заедно, изјави Манечвски.

манчевски

Еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел, на отворањето рече дека дигитализацијата по дефиниција не познава граници, региони и континенти, и дека дигитализацијата е синоним за можности и никој не треба да биде исклучен.

- Целта е да се осигураме дека граѓаните од регионот на Западен Балкан ќе можат целосно да ги уживаат придобивките од брзата и неизбежна дигитална трансформација. Заложбата кон Дигиталната агенда за Западен Балкан ќе гарантира дека граѓаните ги имаат потребните знаења да одговорат на барањата на новата економија и ќе помогне за модернизирање на јавната администрација, јакнење на кибер безбедноста, поголема поврзаност и подобра бизнис клима, изјави Габриел.

Дигиталната агенда за Западен Балкан предвидува 30 милиони евра преку ЕУ грантови за проекти за поголема покриеност со широкопојасен интернет, потоа јакнење на кибер безбедноста и довербата на граѓаните во дигиталните технологии, поддршка на развој на е-Влада, е-Набавки и е-Здравство и јакнење на дигиталните вештини на граѓаните.

софија д самит

Агендата има цел воспоставување на национални центри за иновации и развој и е-Инфраструктира во земјите од Западен Балкан и нивно интегрирање со растечката дигитална Европска иновативна зона.

Дигиталното собрание 2018, што денеска и утре се одржува во Софија, е во организација на Европската комисија и Бугарското претседателство со Советот на Европската унија.