Фудбал
26. April 2016 - 16:11

Манчестр Сити без Туре во мечот со Реал, Бензема и Роналдо се неизвесни

 
 
 Јаја Туре нема да биде дел од тимот на Манчесер Сити кој вечерва го пречекува Реал Мадрид во првиот дуел од четвртфиналето во Лигата на шампиони.
 
Туре го пропушти последниот тренинг на Манчестер Сити, по што тренерот Мануел Пелегрини потврди дека репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска нема да биде во комбинација за вечерашната средба.
 
„Јаја нема да настапи, не успеа да се опорави од повредата. Најверојатно ќе го немаме ниту на дуелот со Саутемптон во недела, но очекувам да биде на располагање за реванш натпреварот во Мадрид’’ изјави Пелегрини. 
 
На другата страна Кристијано Роналдо и Карим Бензема се дел од експедицијата на „Кралевите“ која допатува во Манчестер, но нивниот настап за вечерва сеуште не е потврден, иако го одработича синоќешниот тренинг.
 
Поради повреда на задната ложа, Португалецот го пропушти дуелот со Рајо, и тешко е да се очекува дека ќе биде биде подготвен одигра цел меч. Истото важи и за Французинот, Бензема кој пак предвреме го заврпи мечот со Рајо во саботата. 
 
Дали лекарскиот тим на Реал ќе успеа колку-толку да му ги стави на располагање на тренерот Зидан овие двајца клучни играчи во нападот на Реал, останува да се види уште на почетокот на мечот кој е закажан од 20 часот и 45 минути.