Фудбал
1. May 2021 - 19:22

Манчестер Сити со победа против Кристал Палас до нова титула

Нема дилеми околу новиот првак во Англија откако  Манчестер Сити славеше во Лондон со 2-0 против домашниот Кристал Палас. 
Теоретски  славјето може да започне веќе утре доколку градскиот ривал Манчестер Јунајтед го загуби дерби од Ливерпул. 
Инаку стрелци на головите за граѓаните беа Кун Агверо со 59-тата и Феран Торес две минути подоцна.