Loading Video...
Фудбал
5. May 2021 - 0:54

Манчестер Сити првиот финалист во Лигата на шампионите

Во реванш дуелот од полуфиналето одигран во Манчестер, англискиот шампион со 2:0 го победи ПСЖ, против кој славеше и во Париз со 2:1, па со вкупни 4:1 популарните „граѓани“ се пласираа во финалето, 
 
Стрелец на двата гола за Манчестер Сити беше Алжирецот, Ријад Марез во 11-тата и 63-тата минута. 
 
За Манчестер Сити ова ќе биде прво финале во елитната Лига на шампиони, додека тренерот Пеп Гвардиола во Истанбул ќе се обиде да стигне до третиот трофеј во ова натпреварување, откако Шпанецот претходно во 2009-тата и 2011.година ја предводеше Барселона до шампионскиот трофеј и тоа на два пати со победите над Манчестер Јунајтед (2:0 во Рим и 3:1 во Лондон).
 
Финалниот меч во Лигата на шампионите ќе се игра на Финале на 29 мај на стадионот „Ататурк“ во Истанбул, а кој ќе биде противик на Сити ќе дознаеме по реванш дуелот меѓу Челзи и Реал кои на првата средба во Мадрид одиграа 1:1.