Loading Video...
Фудбал
25. February 2016 - 19:34

Манчестер Сити пред пласман во четвртфиналето, реми во Ајндховен

 Фудбалерите на Манчестер Сити славеа убедлива победа со 3:1 на гостувањето кај Динамо Киев, додека во Ајндховен ПСВ и Атлетико Мадрид одиграа нерешено 0:0, синоќа на двата последни натпревари од осминафиналната пресметка во Лигата на шампионите.

Во Киев головите за фаворитот Манчестер Сити ги постигнаа Кун Агуеро, Давид Силва и Јаја Туре, а стрелец на единствениот погодок за украинскиот шампион беше Виталиј Бујалски.

Претходно беа одиграни другите шест први дуели од осминафиналето:

Арсенал – Барселона 0:2,
Јувентус – Баерн Минхен 2:2,
Бенфика – Зенит 1:0,
ПСЖ – Челзи 2:1,
Гент – Волфсбург 2:3 и 
Рома – Реал Мадрид 0:2.

Реваншите се закажани за 8, 9, 15 и 16 март.